• понеделник, 23 декември 2024

Почна изградбата на нов кружен тек во Куманово

Почна изградбата на нов кружен тек во Куманово
Куманово, 11 февруари 2022 (МИА) - Почнаа подготвителните работи на терен за изградба на кружен тек во Куманово, на крстосницата на двата булевари „Октомвриска револуција“ и „Трета македонска ударна бригада“, соопштија денеска надлежните. Помошникот раководител на одделението за комунални дејности, Момчило Јовановски, изрази надеж дека се ќе тече согласно предвидениот рок. Општината претходно доби сообраќајна согласност од Секторот за внатрешни работи Куманово, со што се создадени услови за изградба на кружен тек кај „Митев мост“. Тендерската постапка, како што информираше претходно градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, е завршена уште пред повеќе месеци. Имплементацијата беше одложена поради зимскиот период. Се планира изградба и на дополнителен кружен тек за локацијата „Серава“ односно крстосницата помеѓу улиците „Гоце Делчев“, „Бајрам Шабани“ и булеварот „Трета МУБ“. За изградбата на првиот кружен тек на влезот во Куманово, општината одвои околу 20 милиони денари. ам/цр

Остани поврзан