• недела, 24 ноември 2024

Почна кампањата за парламентарните избори во Јапонија

Почна кампањата за парламентарните избори во Јапонија

Токио, 15 октомври 2024 (МИА) - Официјалната кампања за парламентарните избори во Јапонија, кои ќе се одржат на 27 октомври, започна денеска, за време на која новиот премиер Шигеру Ишиба ќе побара мандат за својата политика и реформи по скандалот со политичките фондови на владејачката партија. Се очекува повеќе од 1.300 кандидати да учествуваат во трката за Долниот дом, кој брои 465 места, пред регистрацијата да заврши подоцна во текот на денот.

Ишиба распиша вонредни избори откако ја презеде функцијата премиер на 1 октомври. Како што е вообичаено за лидерите на Либерално-демократската партија во последната деценија, тој ја започне својата кампања во Фукушима за да го обнови своето ветување дека ќе го поддржи закрепнувањето на подрачјето од катастрофата во нуклеарната централа во 2011 година.

Со овие предвремени избори, Ишиба се обидува да обезбеди мнозинство во Долниот дом, кој е помоќен од двата јапонски парламентарни дома. Овој потег беше критикуван бидејќи дава предност на изборите, наместо на политиката, и овозможува малку дебата. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан