• сабота, 27 јули 2024

Потврдена убедливата победа на десничарската Партија на слободата на изборите во Холандија 

Потврдена убедливата победа на десничарската Партија на слободата на изборите во Холандија 

Брисел, 23 ноември 2023 (МИА) - Националистичката и десно популистичка Партија на слободата (ПВВ) на Герт Вилдерс освои 37 места во 150-члениот Долен дом на холандскиот Парламент на вчерашните предвремени парламентарни избори, соопшти претпладнево централниот Изборен совет на Холандија врз основа на преброени 97,9 отсто од гласовите. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, на второ место е левоцентристичкиот блок на Лабуристичката партија (ПВДА) и Зелената левица (ГЛ) предводен од поранешниот еврокомесар Франс Тимерманс со освоени 25 мандати, пред конзервативно-либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД) на досегашниот премиер Марк Руте, сега предводена од Дилан Јешилѓоз-Зегериус, со 24 пратенички места и новоформираниот десничарски Нов социјален договор (НСЦ) на Питер Омцигт со 20 пратеници.  

На петтото место е социјал-либералната партија Демократи 66 (Д66) со девет мандати, пред десното популистичко земјоделско Движење земјоделци-граѓани (БББ) со седум пратеници и десноцентристичкиот Христијански демократски повик (ЦДА) и левичарската Социјалистичка партија (СП) со по пет пратенички места. 

По три пратеника во новиот парламентарен состав ќе имаат еколошката Партија за правата на животните (ПВДД), освоија демохристијанската конзервативна Христијанска унија (ЦУ), партијата што ги застапува интересите на Холанѓаните со турско, блискоисточно и северноафриканско потекло Денк, екстремно десничарскиот и евроскептичен Форум за демократија и протестантската конзервативна Реформирана политичка партија (СГТ), прогресивната проевропска партија Волт два мандати, а антиимигрантската десничарска партија Точен одговор 2021 (ЈА21) едно пратеничко место. 

Во синоќешниот настап пред членовите и симпатизерите на ПВВ во Шевенинген по објавувањето на првичните изборни резултати, Вилдерс изјави дека победата на изборите на партијата и носи и „огромна одговорност“, како и дека другите партии сега не може повеќе да ја игнорираат откако освои 35 пратенички места.  

Националистичката и десно популистичка Партија на слободата (ПВВ) на Герт Вилдерс ќе биде убедливо најбројна политичка партија во новиот состав на холандскиот Парламент, покажуваат резултатит

- Гласачите порачаа: Доста ни е. Ќе се погрижиме Холанѓанецот повторно да биде на прво место. Холанѓанецот, исто така, има надеж дека ќе си ја поврати својата земја, истакна Вилдерс.   

Според Вилдерс, ПВВ ќе се погрижи за враќање на Холандија на Холанѓаните и за ограничување на миграцијата.   

- Ние ќе се погрижиме луѓето да добијат повеќе пари во паричниците. Повторно да има ред и безбедноста. Би сакал да им се заблагодарам на сите во Холандија за нивните поддршка, истакна Вилдерс.   

Тој исто така се обрати и до останатите партии порачувајќи име дека „мора да бараат договор“ и „да работат заедно“.    

- Од оваа одлична позиција, ПВВ сака да соработува со другите партии. Мора да излеземе со решенија, во рамките на Уставот, порача Вилдерс.   

Од друга страна, Тимерманс во првиот синоќешен настап порача дека сите се добредојдени во Холандија и повика на единство.  

- Ми требате сите. Држете се заедно, не дозволуваме никој да си оди од Холандија. Ако во соседството, на училиште или на работа среќавате луѓе кои размислуваат дали се уште припаѓаат овде, многу јасно кажете им – да, изјави Тимерманс.  

Националистичката и десно популистичка Партија на слободата (ПВВ) на Герт Вилдерс, според резултатите од излезните анкети од вчерашните предвремени парламентарни избори во Холандија, ќе биде

Тој додаде дека во Холандија сите се еднакви, без разлика каде се родени или од каде се нивните родители или баби и дедовци.  

- Вие припаѓате тука. Исто така, им порачувам на луѓето кои моментно живеат некаде каде што има војна: Секогаш сте добредојдени кај нас ако бегате од војна. Тоа никогаш нема да се промени, рече Тимерманс.  

Тој нагласи дека неговата коалиција ќе продолжи да работи „со сите други демократи“, но никогаш нема да коалицира со ПВВ на Вилдерс.

- Владеењето на правото за нас е свето. И да, јас сум, исто така, разочаран од резултатот. Исто така и од нашиот резултат. Се надевав на многу повеќе, додаде Тимерманс.  

Лидерката на ВВД, Јешилѓоз-Зегериус изјави дека изборните резултатите се разочарувачки за нејзината партија, упатувајќи им честитки на Вилдерс, Тимерманс, Омцигт и „на другите победници“.  

- Луѓето не беа доволно слушани. Лидерството сега не е наше, но јас сум горда на партијата. Од денеска ќе продолжиме да градиме. Ова е ново поглавје за нас. Сега само што почнуваме. Ќе имаме експлозија. Со лекциите што ги научивме, со лекциите со кои се соочуваме денеска, додаде Јешилѓоз-Зегериус.  

Во однос на можноста Вилдерс да ја формира новата влада, Јешилѓоз-Зегериус изјави дека треба да се види дали тој ќе успее да обезбеди мнозинство, но отфрли сопствена одговорност за успехот на ВВД поради нејзината изјава со која не ја исклучи можноста за соработка со партијата, под услов нејзиниот лидер да не биде премиер.   

- ВВД не придонесе за одличниот резултат ПВВ. Луѓето имаат легитимни грижи и ако ги игнорирате политички, добивате ваков резултат, изјави Јешилѓоз-Зегериус.   

Лидерот на НСЦ, Омцигт изрази задоволство од изборните резултати на неговата партија, што ја формира во август годинава откако ја напушти ЦДА.   

- Ова е одличен момент. Ова покажува дека постои огромна доверба. Тоа ни дава голема одговорност, рече Омцигт во првото обраќање по објавувањето на изборните резултати.  

Во одговор на новинарско прашање дали останува на ставот искажан во изборната кампања дека нема да соработува со Вилдерс, Омцигт не даде дециден одговор.  

По извештаите дека претставници на ЦИА разговарале за убиство на основачот на Викиликс, Џулјан Асанж, генералниот известувач на Парламентарното собрание за заштита на укажувачите, Питер Омциг

- Нема да кажам ништо за тоа сега. Ова е политички многу комплициран резултат. Тешка загатка, изјави Омцигт.  

Тимерманс и Омцигт во текот на кампањата порачуваа дека нема да прифатат владина коалиција со ПВВ по изборите, додека Јешилѓоз-Зегериус не ја исклучи можноста за таква соработка, но не и со Вилдерс како иден премиер.  

Според аналитичарите врз основа на ваквите изборни резултати како најверојатни се две опции за формирање на новата влада, за што е потребно мнозинство од најмалку 76 пратеници. Едната опција би била десничарска коалиција на ПВВ, ВВД и НСЦ, која би имала најмалку 81 пратеник во Парламентот, а втората е коалиција на партиите лево и десно од центарот – ПВДА-ГЛ, ВВД, НСЦ и Д66, зад кој би стоеле 78 пратеници. Доколку се реализира оваа опција тогаш многу веројатно е нов холандски премиер да биде Тимерманс. 

Во текот на кампањата, Омцигт предлагаше формирање владина коалиција на партиите „десно од центарот“, која би ги вклучувала неговата НСЦ, ВВД, БББ, ЦДА, ЦУ, СГП и ЈА21, без ПВВ. Но, таквата коалиција сега е малку веројатна, бидејќи би имала 63 пратеници или 13 помалку од потребните 76 за парламентарно мнозинство.   

Во опција се и други комбинаторики за формирање малцинска Влада, но се очекува работите да станат појасни следната недела, по објавувањето на конечните изборни резултатите за што краен рок е 1 декември, кога парламентарните партии ќе изберат свои посредници кои ќе бидат задолжени да ги испитаат варијантите за можни коалиции.  

Досегашната влада, што ја сочинуваа ВДД, ЦДА, Д66 и ЦУ, беше формирана по деветмесечни меѓупартиски преговори и опстои помалку од две години. сп/

Фото: Скриншот/МИА Архива

Остани поврзан