• сабота, 18 мај 2024

Поради пандемијата со Ковид-19 „Топ глоув“ со рекорден профит

Поради пандемијата со Ковид-19 „Топ глоув“ со рекорден профит
Куала Лумпур, 9 март 2021 (МИА) - Водечкиот производител на медицински ракавици, малезиската компанија „Топ глоув“ (Top Glove) денеска информираше за рекордна добивка во вториот фискалем квартл благодарение на зголемената побарувачка за заштитна опрема за време на пандемијата со Ковид-19. Во тримесечниот период, што завршува во февруари, нето добивката е речиси  25 пати поголема отколку во истиот период претходната година, и изнесува 2,87 милијарди рингит (695,93 милиони американски долари). „Топ глоув“ соопшти и дека  добивката во првата половина од тековната финансиска година, што завршува во август, ја надминува нивната вкупна добивка во изминатите 20 години. Се проценнува дека глобалната побарувачка за ракавици по заврешување на пандемијата најверојатно ќе порасне за 15 отсто годишно. ми/

Остани поврзан