• среда, 24 април 2024

Поради дефект без вода делови од Скопје

Поради дефект без вода делови од Скопје

Скопје, 17 април 2024 (МИА) - Поради уличен дефект на ул. „Црноризец Храбар“ 26б, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и од улиците „Гаврил Константиновиќ“, „Детелин Војвода“, „Буковиќ“, „Аврора“ и трговскиот центар.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Поради уличен дефект ф-100 на ул.10/бб Батинци, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од Батинци и Љубош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:25 часот до завршување со санација на дефектот. сст/мд/

фото МИА архива 

Остани поврзан