• петок, 05 декември 2025

Полска подигна борбени авиони заради руските напади во Украина

Полска подигна борбени авиони заради руските напади во Украина

Варшава, 21 август 2025 (МИА) - Полска денеска соопшти дека подигнала борбени авиони за да го заштити својот воздушен простор по руските напади врз Украина.

-Во врска со активноста на авијацијата со долг дострел на Руската Федерација, која извршува напади на украинска територија, авиони на полските воздухопловни сили и сојузничката авијација дејствуваат во полскиот воздушен простор, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.

Руските сили извршија серија напади низ Украина во текот на ноќта, предизвикувајќи голема материјална штета и повредувајќи најмалку 12 цивили.

Нападите беа извршени во Лавов, Мукачево и Запорожје, каде што беа оштетени десетици куќи. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан