• петок, 12 јули 2024

Полициски хеликоптер дејствува на пожарот во Неготинско, набргу и армиски хеликоптер

Полициски хеликоптер дејствува на пожарот во Неготинско, набргу и армиски хеликоптер

Неготино, 11 јули 2024 (МИА) - Во моментов покрај силите кои гаснат од земја на пожарот во неготинско, дејствува и еден полициски хеликоптер, а набргу ќе му се придружи и еден армиски хеликоптер, информираат од ЦУК. 

Нагласуваат дека во моментов не постои директна опасност за население.

Општината Неготино испрати апел до сите што престојуваат во блиските села како Брусник, Калањево и Липа во кои трајно живеат само неколку луѓе но истите се користат како викенд населби, превентивно да заминат оттаму. свд/


Фото : МИА 

Остани поврзан