• вторник, 14 мај 2024

Полициски службеници од СВР Битола го пронајдоа детето кое беше пријавено дека се изгубило во Битола

Полициски службеници од СВР Битола го пронајдоа детето кое беше пријавено дека се изгубило во Битола

Битола, 25 декември 2023 (МИА) - Попладнево околу 18 часот полициски службеници од СВР Битола го пронајдоа шестгодишниот малолетник, кој еден час пред тоа беше пријавен од неговиот татко дека се изгубил во населба Горно Оризари во Битола.

Од СВР Битола соопштија дека веднаш по добиената пријава биле преземени мерки и активности од полициски службеници од СВР Битола за пронаоѓање на детето и тоа е пронајдено околу 18 часот. мт/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан