• понеделник, 29 април 2024

Познати сите учесници во плејофот на Африканскиот куп

Познати сите учесници во плејофот на Африканскиот куп

Јамусукро, 25 јануари 2024 (МИА) - Во фудбалскиот Африканскиот куп на нации, по вчерашните натпревари од последното коло во групната фаза познати се сите учесници во плејофот.

Групната фаза ја поминаа: Екваторијална Гвинеја, Нигерија и домаќинот на турнирот Брегот на Слоновата Коска (А-група); Зеленортските Острови и Египет (Б-група); Сенегал, Камерун и Гвинеја (Ц-група); Ангола, Буркина Фасо и Мавританија (Д-група); Мали, Јужна Африка и Намибија (Е-група); Мароко и ДР Конго (Ф-група). 

Плејоф фазата започнува на 27 јануари. Двојките за осминафиналето се:
Нигерија – Камерун
Ангола – Намибија
Зеленортските Острови – Мавританија 
Мароко – Јужна Африка
Мали – Буркина Фасо
Сенегал – Брегот на Слоновата Коска
Египет – ДР Конго
Екваторијална Гвинеја - Гвинеја. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан