• понеделник, 06 мај 2024

Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо

Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо

 

Барселона, 28 април 2024 (МИА) – Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо е во трансфер плановите на Манчестер Јунајтед, објави денеска каталонскиот весник „Спорт“.

Според истиот извор, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на 25-годишниот Уругваец и е подготвен да му понуди на каталонскиот клуб повеќе од 80 милиони евра за трансферот.

Во моментов Араухо води преговори за продолжување на договорот со Барселона, но според медиуми, англискиот тим е во позиција да му понуди поповолни услови.

Араухо се пресели во Барселона во летото 2018 година. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан