• четврток, 21 ноември 2024

Кејн за рекордот на Левандовски: Можно е да го надминам

Кејн за рекордот на Левандовски: Можно е да го надминам

 

Минхен, 28 април 20204 (МИА) – Напаѓачот на минхенски Баерн, Хари Кејн, се доближи до рекордот на Роберт Левандовски за најмногу постигнати голови во Бундеслигата во една сезона, откако во саботата беше два пати прецизен во победата од 2-1 против Ајнтрахт Франкфурт.

Кејн дојде до бројката од 42 голови оваа сезона во сите натпреварувања, а ја мина и границата од 400 голови во кариерата.

Англискиот репрезентативец постигна 35 голови на 31 натпревари во Бундеслигата оваа сезона, шест помалку од рекордот на Левандовски, кој во сезоната 2020/21 во дресот на Баерн постигна 41 гол.

За да го надмине рекордот на Левандовски на Кејн му преостануваат уште три натпревари до крајот на бундеслигашката сезона.

„Можно е, но очигледно е дека морам да продолжам да постигнувам голови. Можеби ќе треба да постигнам неколку голови следната недела. Зависи од последните неколку натпревари“, рече Кејн. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан