• понеделник, 13 мај 2024

Познати се 12 од 16 учесници во плејофот на фудбалската Лигата на шампиони

Познати се 12 од 16 учесници во плејофот на фудбалската Лигата на шампиони

Нион, 30 ноември 2023 (МИА) - По резултатите од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите, одредени се 12 од 16 учесници во плејофот.

Синоќа влезници за 1/8 финалето добија Арсенал кој го совлада Ленс (6:0) и ПСВ кој стигна до плејофот благодарение на победата на Реал Мадрид над Наполи (4:2).

Претходно место во плејофот изборија: Атлетико Мадрид, Лацио, Борусија Дортмунд и Барселона, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Реал Сосиедад, Интер, Манчестер сити и Лајпциг.

Првите натпревари од 1/8 финалето во Лигата на шампионите ќе се одржат на 13 февруари. 

Финалето на турнирот ќе се одржи на „Вембли“ во Лондон на 1 јуни. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан