• недела, 22 декември 2024

Шпанецот Ираола останува тренер на Борнмут

Шпанецот Ираола останува тренер на Борнмут


Лондон, 13 мај 2024 (МИА) – Премиерлигашот Борнмут објави денеска дека го продолжи договорот со тренерот Андони Ираола до лето 2026 година.
Ираола седна на клупата на Борнмут тимот минатото лето. За тоа време, клубот под негово водство одигра 43 натпревари, запишувајќи 17 победи, девет нерешени и 17 порази.
На едно коло до крајот на премиерлигашката сезона, Борнмут е на 11. место.
Ираола е еден од стратези во Премиер лигата кои се во конкуренција за наградата најдобар тренер на сезоната. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан