• понеделник, 21 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пожар во атарот на селото Соње во општина Сопиште, ангажирани три „ер трактори“

Пожар во атарот на селото Соње во општина Сопиште, ангажирани три „ер трактори“

Скопје, 4 октомври 2023 (МИА) - Во атарот на селото Соње во општина Сопиште попладнево избил пожар во чие гаснење биле ангажирани три „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов во изјава за медиумите информира горела сува вегетација и ниски смреки, а чадот бил видлив од поголем дел од градот што предизвикало вознемиреност меѓу граѓаните и повеке повици на бројот 112. 

- Пожарот беше сопрен непосредно во близина на неколку викендици. Изгоре само една придружна просторија, вели Ангелов. бак/ев/

Фото: ЦУК

 

 

Остани поврзан