Подигнати 60 кубни метри отпад од диви депонии во Чаир и Ѓорче Петров
- Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје во текот на вчерашниот ден подигнале 60 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир и Ѓорче Петров.
Скопје, 6 ноември 2024 (МИА) - Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје во текот на вчерашниот ден подигнале 60 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир и Ѓорче Петров.
- Отстранета е обемна дива депонија лоцирана до ООУ „Хасан Приштина“ во населбата Серава, а интервенирано е и на улицата „Славеј Планина“ во непосредна близина на скопското Теќе, како и на булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица), каде се подигнати вкупно 40 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад, соопшти ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје.
Во рамки на третата смена екипите од ова јавно претпријатие извршиле и расчистување на дива депонија лоцирана на улицата „Македонска војска“ во општина Ѓорче Петров, се подигнати и транспортирани приближно 20 кубни метри непрописно одложен отпад. мд/са/
Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје