• вторник, 21 јануари 2025

Куманово ќе субвенционира трошоци за домување

Куманово ќе субвенционира трошоци за домување

Куманово, 21 јануари 2025 (МИА) - Општина Куманово ќе субвенционира трошоци за домување на материјално и станбено необезбедени лица, информираа денеска од секторот за социјална заштита. Оваа мерка можат да ја користат корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) за 2025 материјално и станбено необезбедени лица кои живеат на територија на општина Куманово (лица кои живеат под кирија).

- Барањата можат да се подигнат во архивата на општина Куманово и на портирница во зградата на поранешен АД „Козјак“ спроти Градскиот стадион (Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита). Потребната документација се доставува до архива на општина Куманово од до 16-ти февруари, годинава, изјави раководителот на секторот, Александар Крстевски.

Покрај барањето, заинтересираните треба да поднесат, лична карта, решение издадено од Центарот за социјални работи Куманово којшто докажува дека лицето користи право на гарантирана минимална помош, договор за наем на стан/куќа, активна трансакциска сметка.

Овие лица паралелно можат да користат и субвенции за комуналии, за сметки за вода и смет. ам/са/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан