• четврток, 11 јули 2024

Поддршка на лица со попреченост преку ваучери за набавка на гардероба, субвенции за средношколците, нови мерки усвоени од Советот на Општина Крива Паланка

Поддршка на лица со попреченост преку ваучери за набавка на гардероба, субвенции за средношколците, нови мерки усвоени од Советот на Општина Крива Паланка

Крива Паланка, 11 јули 2024 (МИА) - Советот на Општина Крива Паланка денеска на 42 седница усвои нови мерки од Програмите за образование и социјална и детска заштита со кои се планира доделување ваучери за набавка на гардероба за лица-корисници од Дневниот центар за лица со попречености, месечни субвенции за средношколците од прва година во гимназијата и други мерки за поддршка на различни категории граѓани.

-Усвоивме нови мерки за поддршка на различни категории граѓани, млади, лица со попречености, лица од згрижувачки семејства, униформи за учениците. Со новите програмски мерки ќе се воведе месечна субвенција од 2.000 денари за секој запишан ученик во прва година во СОУ "Ѓорче Петров" во учебната 2024/25, да ги поддржиме младите да ги стимулираме да учат тука,во својот град. Еднократна финасиска поддршка, ваучер од 8.000 денари за купување гардероба на лица корисници на услугата на Дневен ценатар за лица со интелектуална и телесна попреченост и лица во згрижувачки семејства евидентирани во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи, Крива Паланка, во партнерство со Црвен Крст, обезбедување униформи за секој ученик од средното и основните училишта од општината и еднократна парична помош од 3.000 денари за лица со попречености, во партнерство со Фондацијата „Со срце за Крива Паланка", потенцира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Оттаму посочуваат дека општината Ноди мерки со кои јасно се покажува грижата за сите категории граѓани.
На седницата се усвои одлука за формирање локален економско социјален совет, како и согласност за реализација на кампањата "Купување концертен клавир за градот на културата" од страна на Фондацијата „Со срце за Крива Паланка".ид/

Фото МИА 

Остани поврзан