• петок, 17 мај 2024

Повредено едно лице од огнено оружје во близина на поликлиниката Бит Пазар

Повредено едно лице од огнено оружје во близина на поликлиниката Бит Пазар

Скопје, 7 февруари 2024 (МИА) - Едно лице е повредено со огнено оружје во близина на поликлиниката Бит Пазар во Скопје. Повредениот мажт со прострелна рана во ногата е пренесен во болница, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

- Денеска (07.02.2024) од ГОБ „Св. Наум Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека кај нив е донесен П.П. (24) со прострелна рана во ногата, а, според пријавеното, во него во близина на поликлиниката Бит Пазар во Скопје пукало едно лице. Според првичните информации во П.П. пукал Р.Ш.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од МВР.

Од МВР посочуваат дека ова се првични информации, а во текот на денот ќе излезат со повеќе информации. аа/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан