• четврток, 04 јули 2024

Повеќе од 50 жртви во поплавите на североисточниот дел на Индија

Повеќе од 50 жртви во поплавите на североисточниот дел на Индија

Њу Делхи, 4 јули 2024 (МИА) – Поројните монсунски дождови предизвикаа големи поплави, лизгање на земјиштето и уривања на куќи низ североисточна Индија кои погодија речиси 1,5 милиони луѓе.

Како што пренесе ДПА, повикувајќи се на локалните власти за управување со катастрофи, досега загинале повеќе од 50 луѓе.

Во Асам, најголемата држава во регионот, пријавени се 46 смртни случаи од почетокот на сезоната на монсуните во јуни, а 1,2 милиони луѓе се погодени од настани поврзани со дождовите.

Повеќе од 25.000 луѓе живеат во привремени засолништа во училишта, стадиони и други владини објекти, откако нивните села беа поплавени. Тие ги загубиле животните на фармите, а родот им бил оштетен.

Метеоролошката служба предвидува нови врнежи во регионот во следните два дена.

Сезоната на монсуните во Индија трае од јуни до септември и е добра за земјоделците кои зависат од дождовите што ги носи за да ги наводнуваат своите посеви. Но, сезоната предизвикува и смртни случаи и остава пустош. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан