• среда, 16 октомври 2024

Повеќето Бугари сметаат дека Шенген е едно од главните достигнувања на ЕУ, покажува истражување на ЕК

Повеќето Бугари сметаат дека Шенген е едно од главните достигнувања на ЕУ, покажува истражување на ЕК

Софија, 8 октомври 2024 (МИА) - Мнозинството од Бугарите и останатите граѓани на ЕУ (72 проценти) сметаат дека Шенген е едно од главните достигнувања на ЕУ, покажуваат податоците од истражувањето на „Евробарометар“, кое денеска го претстави Европската комисија.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Според 76 проценти од бугарските учесници во анкетата (82 проценти во ЕУ), Шенген, пред сè, овозможува комуникација со луѓе од други култури; за 74 проценти во Бугарија (80 проценти во ЕУ), просторот без гранични контроли е корисен за бизнисот, за 66 проценти (75 проценти во ЕУ), тој има повеќе предности отколку недостатоци. Над 60 проценти велат дека Шенген ја подобрува безбедноста, а над 50 проценти сметаат дека во наредните години треба да се вложат повеќе напори за заштита на надворешните граници на ЕУ.

Над половина од Бугарите велат дека никогаш не патувале во Шенген како туристи (54 проценти наспроти 38 проценти во ЕУ), за шопинг (77 проценти во Бугарија и 73 проценти во ЕУ), или по работа (85 проценти).

Вкупно 21 процент од бугарските фирми (33 проценти во ЕУ) сметаат дека членството на нивната земја во Шенген води до пониски цени во нивното работење, а 13 проценти (24 проценти во ЕУ) – дека тоа е важно за нивните клиенти. Според 82 проценти од бугарските компании и 83 проценти од останатите во ЕУ, Шенген создава можности за бизнис, но 62 проценти од одговорите во Бугарија и 57 проценти во ЕУ покажуваат дека фирмите не одржуваат бизнис односи со партнери во држави од Шенген. Според 46 проценти од одговорите во Бугарија и 56 проценти во останатите земји од ЕУ, компаниите не донесуваат одлука со кого да соработуваат врз основа на тоа дали двете фирми се сместени во ЕУ.

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Остани поврзан