• среда, 16 октомври 2024

Втората статуа откриена за време на ископувањата во античкиот град Хераклеја Синтика за прв пат ќе биде изложена во центарот на Софија

Втората статуа откриена за време на ископувањата во античкиот град Хераклеја Синтика за прв пат ќе биде изложена во центарот на Софија

Софија, 15 октомври 2024 (МИА/БТА) – Втората статуа, откриена при ископувањата во античкиот град Хераклеја Синтика, за прв пат ќе биде изложена во центарот на Софија. Ова го изјави инженерката Катја Стојанова – раководителка на проектот „Реставрација, конзервација и социјализација на Хераклеја Синтика“ за БТА. „Го направивме овој гест за повеќе луѓе допрат до античката уметност“, додаде инженерката Стојанова.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Се очекува до крајот на октомври втората статуа, која има пукнатина во пределот на бутовите, да биде пренесена во Националниот археолошки музеј каде ќе биде реставрирана. Во моментов се подготвува документацијата потребна за постапката за транспорт и реставрација. За двете статуи постои голем интерес, а први кои покажаа желба да ја претстават втората статуа се токму археолозите од Националниот археолошки музеј. Постигнат е договор статуата да биде изложена во центарот на Софија по повод Денот на археологот во февруари 2025 година, кога треба да заврши процесот на реставрација на статуата, објасни инженерката Катја Стојанова.

Првата статуа ќе биде изложена во Градскиот историски музеј – Петрич. Во моментов ја реставрира Китан Китанов, кој смета дека статуата е во добра состојба. Реставрацијата на првата статуа, за која се верува дека е лик на богот Хермес, се одвива пред посетителите на Историскиот музеј – Петрич, благодарение на специјалниот екран што е оспособен за таа цел.

Наведено е дека двете статуи, откриени при ископувањата во античкиот град Хераклеја Синтика, ќе бидат изложени надвор од државата, но тоа е предмет на дополнителни договори, изјави инженерката Катја Стојанова.

____________________________________________________________________________________________________________________________

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Остани поврзан