• среда, 26 јуни 2024

ПМФЛ: Шкупи на чекор до титулата

ПМФЛ: Шкупи на чекор до титулата
Скопје, 16 април 2022 (МИА) – Водечкиот Шкупи се приближи на една победа до освојување на титулата, откако попладнево триумфираше на гостувањето во Битола против Пелистер (1-0) во рамки на 28 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). До својата 21. сезонска победа фудбалерите на Шкупи дојдоа со голот на Омар Имери во 65 минута. Важен триумф во трката за излез во Европа попладнево забележа Македонија ЃП над градскиот ривал Работнички со што изби на второто место на табелата, а предноста од домашен терен ја искористи и Борец во дуелот против Струга. Денешни резултати: Борец – Струга 2-0, Македонија ЃП – Работнички 1-0, Пелистер – Шкупи 0-1. Преостанатите три натпревари во рамки на 28. прволигашко коло ќе се одиграат утре меѓу Брегалница – Шкендија, Скопје – Тиквеш и Ренова – Академија Пандев. Табела: Шкупи 68, Македонија ЃП 53, Шкендија 52, Академија Пандев 52, Ренова 38, Брегалница 38, Работнички 37, Струга 36, Скопје 26, Тиквеш 24, Борец 18, Пелистер 10. ег/аа/

Тагови

Остани поврзан