• среда, 26 јуни 2024

Милан сака да го позајми Лукаку од Челзи

Милан сака да го позајми Лукаку од Челзи

Милано, 26 јуни 2024 (МИА) - Милан е заинтересиран да го позајми напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку, објави инсајдерот Џанлука Ди Марцио.

Претставници на „Росонерите“ биле во контакт со лондонскиот клуб и опкружувањето на 31-годишниот Белгиец. 

Клубот од Милано се обидува да дознае под кои услови е можен трансферот.

Минатата сезона, Лукаку играше за Рома како позајмен, одигра 47 натпревари за Римјаните во сите натпреварувања, постигна 21 гол и направи четири асистенции. 

Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на напаѓачот на 30 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан