• среда, 20 ноември 2024

Мбапе го нарече Левандовски „кучкин син“

Мбапе го нарече Левандовски „кучкин син“

Дортмунд, 26 јуни 2024 (МИА) - Францускиот репрезентативен напаѓач Килијан Мбапе го нарече полскиот фудбалер Роберт Левандовски „кучкин син“ за време на вчерашниот натпревар од  Евро 2024 против Полска (1:1), објави „RMC Sport“.

Левандовски во 88. минута од мечот со рака го допрел лицето на Мбапе, при што случајно го допрел и неговиот скршен нос. После тоа, 25-годишниот Французин ја извади заштитната маска и му сигнализираше на судијата за прекршокот. Новинарите од неговите усни ги прочитаа зборовите „Кучкин син“. 

Француската репрезентација го зазеде 2. место во групата и се пласираше во плејофот на турнирот, каде во 1/8 финалето ќе игра против второпласираниот од групата Е. 

Полска го заврши учеството на ЕП 2024. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан