• петок, 05 декември 2025

Дембеле громогласно пречекан на Ролан Гарос со трофејот од Лигата на шампиони

Дембеле громогласно пречекан на Ролан Гарос со трофејот од Лигата на шампиони

 

Париз, 2 јуни 2025 (МИА) – Напаѓачот на ПСЖ, Усман Дембеле, денеска доби громогласен пречек, појавувајќи се на централниот тениски терен на Ролан Гарос со освоениот трофеј во фудбалската Лига на шампиони.

Францускиот фудбалски клуб го победи Интер со 5-0 во саботното финале во Минхен и го освои трофејот во Лигата на шампиони прв пат во клупската историја, пред враќањето во Париз каде фудбалерите и клупскиот персонал беа пречекани како херои во неделата.

Прославата за Дембеле, кој беше прогласен за играч на сезоната во Лигата на шампионите, продолжи денеска кога го донесе блескавиот трофеј на теренот „Филип Шатрие“ пред повеќе од 10.000 луѓе, облечен во бела маичка со натпис „триумф“.

„Ова е Париз“, извика Дембеле додека вообичаено резервираната попладневна тениска публика го поздрави со громогласен аплауз.

- Неверојатно, тоа беше волшебен момент во Минхен. Имавме исклучителна сезона и бевме наградени со нашиот прв европски трофеј“, изјави францускиот репрезентативец Дембеле пред публиката на Ролан Гарос.

ПСЖ е само вториот француски клуб што ја освоил титула европски првак по Олимпик Марсеј во 1993 година.ег

ФОТО: ЕПА

 

Остани поврзан