• недела, 22 декември 2024

Пленарна седница на Собранието за 8 Март: Постигнат исчекор во законодавните промени за родова еднаквост, но тоа не е доволно

Пленарна седница на Собранието за 8 Март: Постигнат исчекор во законодавните промени за родова еднаквост, но тоа не е доволно

Скопје, 8 март 2024 (МИА) - Постигнат исчекор во законодавните промени за родова еднаквост, но тоа не е доволно. Мораме сериозно да ги разбиеме стереотипите и да поттикнеме иницијативи за подигање на јавната свест за важноста на еднаквите можности за сите. Говориме за унапредување на правата на жената, но работите тешко придвижуваат напред. Во реалноста во нашата држава има потреба од практична имплементација на сите документи посветени на родовата еднаквост и многу повеќе акции за нејзиното остварување. Овие се дел од заклучоците кои произлегоа од денешната дебата на пленарната седница на Собранието посветена за улогата на жените во 10. состав на Парламентот.

Пратеничката на СДСМ и претседателка на Клубот на пратенички, Лолита Ристова истака дека постигнале исчекор во законодавните промени, но тоа не е доволно се уште. Таа потенцира дека мора сериозно да ги разбиеме стереотипите и да поттикнеме иницијативи за подигање на јавната свест за важноста на еднаквите можности за сите.

-Да не игнорираме неправда. Да не молчиме. Да постигнеме општество каде благосостојбата, мирот и социјалната правда не се само идеали, туку реалност за секого од нас. Општествата кои овозможуваат и поддржуваат родова еднаквост се поиновативни, стабилни и просперитетни. Родовата еднаквост мора да постои во секоја област од нашиот живот. Женското лидерство е голем предизвик. Жените носат нови перспективи и решенија на проблемите придонесувајќи кон побалансиран и праведен свет. Заедно можеме да направиме уште повеќе. Затоа упатувам апел до сите пратенички и пратеници, 50-50 мажи и жени е едноставно да се каже, затоа што тоа е природно за да може да ја градиме иднината, но ова не се  случи вчера со измената на Изборниот законик, не се случи воведувањето на квота 30 отсто од помалку застапениот пол за избор на градоначалници, како што си ветивме минатата година. А зошто? Затоа што за ова е потребен консензус не меѓу жените, туку меѓу сите пратеници и пратенички од сите политички партии. Нашата мотивација за поголема видливост и застапеност на жените во политиката не смее да запре. Но одржливите промени ќе ги направиме само преку заеднички родов пристап на жените и мажите. Животот не смее да биде трка меѓу мажите и жените, тоа треба да биде поле за соработка. Нашата соработка мора да биде заедничка, рече Ристова.

Пратеничката на Моника Зајкова нагласи дека постојано зборуваат за унапредување на правата на жената, но работите тешко придвижуваат напред. Посочи дека политичарките и пратеничките имаат направено многу, но и тоа многу во реалноста е многу малку. На сите мажи и жени им порача секој ден да биде 8 март - да не дозволиме само еден ден во годината, жените да се чувствуваат важни, издигнати и почитувани, а останатите 364 дена да бидат предмет на вербално и физичко насилство. 

-Во моментот, во нашето општество постои поделеност на леви, десни и централни партии, но жените се тие кои треба да ги надминат разликите и да работат заедно за доброто на сите, а не да ја следат слепо партиската идеологија на што за жал се повеќе сведочиме. Да, покажавме дека сме храбри, одлучни и дека знаеме да бидеме добри лидерки.  Иако постигнавме многу, сепак борбата против родовото насилство и дискриминација е битка која се уште трае и која бара напорна работа, труд и посветеност за нејзино целосно сузбивање. Да работиме на едукација. Да ги учиме жените дека можат да бидат војници, а мажите шминкери. Дека не ма поделба на машки и женски професии, рече таа. 

Зајкова потенцира дека борбата за родова еднаквост не е само борба на жените, но е борба на сите нас, борба додека секоја жена без оглед дали е докторка, земјоделка, адвокатка итн, да биде еднакво почитувана, вреднувана и со еднакви можности не заради квотата што е жена, туку заради тоа што е интелектуално развиено битие која заслужува многу.

Пратеничката на ДОМ, Маја Морачаниин истакна дека 8 Март е денот кога сите ние треба гласно да порачаме дека оваа борба за родова еднаквост продолжува.

-Затоа што не можеме да  бидеме задоволни од само 45 проценти на работоспособни жени активни на пазарот на труд. Не можеме да бидеме задоволни од тоа што имаме толку мал број на жени на раководни позиции и во политиката и во економскиот сектор. Не можеме да бидеме задоволни само две жени градоначалнички во државата. Не можеме да бидеме задоволни кога секојдневно гледаме дека се кршат работничките права на жените. Не можеме да бидеме задоволни се додека секоја една жена нема пристап до образование, здравствени услуги. И не можеме да  бидеме задоволни кога секоја трета жена е жртва на родово базирано насилство. Не  можеме да бидеме задоволни кога гледаме на јавниот дискурс доминираат сексистички говори на омраза и кон жените. И секако не може да бидеме задоволни од состојбата особено во изминатата година кога видовме еден наплив и подем на антиродови наративи присутни во општествениот јавен дискурс, рече Морачанин.

Деновиве сме сведоци на навредливи, дискриминирачки изјави и напади кон независната кандидатка за градоначалничка на град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска, откако ја објави својата кандидатура, у

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска истакна дека во државава родовата еднаквост претставува едно од вредностите на уставниот поред. Во таа насока, потенцира таа, Република Македонија има меѓународна и национална нормативно правна рамка на родовата еднаквост која е динамична и сеопфатно ја регулира оваа материја.

-Меѓутоа, реалноста има потреба од практична имплементација на сите документи посветени на родовата еднаквост и многу повеќе акции за нејзиното остварување. На последните парламентарни избори, политичките партии ја исполнија законската квота за 40 проценти застапеност на жените на кандидатските листи, но кога станува збор за локалните избори, ситуацијата е поразителна. Иако сме половина од популацијата, само две градоначалнички беа избрани на  ниво на цела држава на последните локални избори. Ова е дебакл кој не смее да се занемари, рече Пешевска.

Независната пратеничка Гордана Силјановска Давкова, претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите рече дека жените во Парламентот мораат „да се избораат за сопствена соба, ако сакаме навистина да бидеме почитувани субјекти во политиката и фактор на политиката“.

Останувам отворен за соработка со сите пратенички групи, се додека гледам, мислам и чуствувам дека тоа што се прави од спротивната страна е во интерес на граѓаните и државата, затоа што интер

Јован Митрески, претседател на Собранието нагласи дека придонесот што го даваат жените во развојот на општеството, во развојот на светот воопшто, не смее и не треба да се потценува, ниту да се занемарува, напротив не само на 8 Март туку постојано треба да се има на ум колку за сите нас е важна родовата еднаквост во сите сфери на општественото живеење.

-Република Северна Македонија секојдневно работи на зајакнување на положбата на жената и заштита на нејзините права. Родовата еднаквост е една од највисоките вредности на нашиот уставен поредок. Нашата цел е толерантно и еднакво општество каде сите имаат еднакви можности. Со гордост морам да истакнам дека македонското Собрание покажа голема посветеност во унапредување на родовата еднаквост и таа посветеност ја покажа на практичен начин преку конкретни мерки, со што сме лидери во промоцијата и имплементацијата на родовата еднаквост, рече Митрески.

Лани на 8 март, во Собранието првпат се одржа редовна пленарна седница исклучиво посветена на родовата еднаквост, а по повод 20-годишнината од формирањето на Клубот на пратенички.фф/аа/

Фото: МИА Архива/ Принтскрин

Остани поврзан