• петок, 05 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Секој студент до 29 години ќе добие ваучер од 250 евра за набавка на таблет, компјутер или лаптоп, Владата  се грижи за младите

ВМРО-ДПМНЕ: Секој студент до 29 години ќе добие ваучер од 250 евра за набавка на таблет, компјутер или лаптоп, Владата  се грижи за младите

Скопје, 16 јули 2025 

Наместо декларативни изјави како во минатото СДС и ДУИ, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата, нуди решенија и покажува вистинска грижа за сите.

Секој студент, со навршени 29 години ќе добие по 250 евра или 15.300 денари за да набави техничко помагало.

Сите редовни и вонредни студенти на додипломски студии запишани на државни или приватни факултети во Македонија до наполнети 29 години ќе добијат ваучер од 250 евра (15 300 денари) за набавка на техничка опрема обезбедување на персонален компјутер, таблет компјутер или лаптоп пренослив компјутер.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува изборните ветувања а со овој конкретен проект се обезбедуваат еднакви шанси за секој млад човек. Сите млади ќе имаат еднаков пристап до модерно образование.

Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ продолжува со континуирана поддршка, мерки и проекти со цел задржување на младите и студентите во сопствената држава.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото МИА архива

Остани поврзан