• петок, 05 декември 2025

Тимот на „Bacchus Classic“ освои прво место на Баден-Баден Олдтајмер 2025

Тимот на „Bacchus Classic“ освои прво место на Баден-Баден Олдтајмер 2025

Скопје, 16 јули 2025 (МИА) - Тимот на „Bacchus Classic“ освои прво место во својата категорија на 48-то издание на Интернационалниот олдтајмер настан што викендот се одржа во Баден Баден во Германија. 

Пред љубителите на олдтајмери, македонскиот тим се претстави со уникатниот „Abarth 1000 TCR“ од 1970 година, којшто беше единствен ваков примерок на настанот.

- Нашиот тим, освен претставувањето на македонските вина и Бахус Класик релито што есенва ќе се одржува во нашата држава, имаше повеќе од успешен настап и освоено прво место во својата категорија. Ова признание е навистина интересно и важно за нас и за нашата држава затоа што е прв пат македонски тим да освои прво место на Интернационален олдтајмер настан во Германија, велат од тимот на  „Bacchus Classic“ во изјава за МИА.

На настанот, кој е еден од најпрестижните во Германија и се одржа во градот којшто е под заштита на УНЕСКО, учествуваа 390 автомобили од цела Европа. Возилата беа изложени во централниот парк којшто е опкружен со историски згради со кои се надполнуваше убавината на олдтајмерите. бак/са/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан