• недела, 14 април 2024

Песната од „Пријатели“ придонела за привремен распад на бендот „Рембрантс“

Песната од „Пријатели“ придонела за привремен распад на бендот „Рембрантс“

Лос Анџелес, 17 март 2023 (МИА) - Хумористичната серија „Пријатели“ се емитуваше од 1995 до 2004 година, но таа, се чини, немаше да биде тоа што е денес без воведната музичка тема. Најпознат по песната „I'll Be There For You“, поп-рок состав „Рембрантс“ засекогаш се врежаа во светската колективна меморија.

Дени Вајлд, еден од дуото за „Гардијан“ раскажа дека, раните 90-ти, понудата нивниот менаџер ја добил од Кевин Брајт, извршен продуцент на серијата, и обожавател на „Рембрантс“. Прашан дали тој и колегата од бендот, Фил Солем биле заинтересирани за понудата, Вајлд откри дека тие првично биле поделени, т.е. култната песна не им била омилена.

- Сакаа нешто како 'Shiny Happy People' на 'РЕМ' со фонтана на сцената или нешто со исто темпо. Снимивме верзија од 43 секунди два дена подоцна... Продуцентите дојдоа во студиото заради ракоплескањето, но го погодуваа тоа што им требаше. Тие направија неколку снимки, ние им кажавме дека е добро, а кога си заминаа, ги избришавме и вметнавме наше (ракоплескање), објасни Вајлд.

Се говори за делот со плескањето со раце што остана траен белег на песната. Но, популарноста на песната не му донесе среќа на бендот. Тоа набрзо станало товар за нив и на крајот станала причина за привремениот нивен распад. Но, Вајлд признава дека оваа заразна мелодија сè уште им носи заработка.

- Откако луѓето сфатија дека тоа сме ние, тоа ја уништи нашата „кул атмосфера“. Преминавме од „кул клубови“ до настапи каде што родителите ги носат своите деца... Секогаш кога (песната) се пушта некаде, има малку заработка. Тоа се само пари, или што и да е, но се собираат. Моите деца се на факултет и имам прекрасен дом. Не сум богат, но ми е удобно, изјави Вајлд.

Групата во својот прв период беа активни од 1989 до '97 година, кога ја прекинаат соработката, но од 2000 година повторно се заедно. Вајлд и Солем и денес сè уште свират и прават албуми. Нивниот последен албум „Via Satellite“ го објавија 2019 година.  си/сд/

Фото: Јутјуб, Фејсбук.

Остани поврзан