• среда, 16 октомври 2024

Пентагон: Во Израел почнаа да пристигнуваат компоненти за напредниот американски противракетен систем

Пентагон: Во Израел почнаа да пристигнуваат компоненти за напредниот американски противракетен систем

Вашингтон, 15 октомври 2024 (МИА) - Пентагон денеска соопшти дека вчера во Израел почнале да пристигнуваат  компонентите за напредниот американски противракетен систем „THAAD“, кој целосно ќе биде оперативен во блиска иднина.

„Во текот на следните денови, дополнителен американски воен персонал и компоненти на батеријата „THAAD“ ќе продолжат да пристигнуваат во Израел“, рече портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Пет Рајдер.

Тој изјави дека поради безбедноста на операцијата не може точно да открие кога батеријата ќе биде целосно во функција.

Пентагон вчера соопшти дека САД ќе испратат напреден противракетен систем во Израел и американските војници за да го управуваат за да ја зајакнат израелската противвоздушна одбрана по ракетните напади од Иран. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан