• сабота, 21 декември 2024

Трамп одби да каже дали разговарал со Путин, но смета дека тоа би било паметно

Трамп одби да каже дали разговарал со Путин, но смета дека тоа би било паметно

Чикаго, 15 октомври 2024 (МИА)  - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска одби да каже дали разговарал со рускиот претседател Владимир Путин по завршувањето на неговиот мандат во 2021 година.

Одговарајќи на прашање на новинар на Блумберг во Чикаго, Трамп истовремено додаде дека ќе беше паметно доколку го направеше тоа, пренесуваат британските медиуми.

-Ако тоа го направив,  тоа беше паметна работа, рече Трамп.

Во новата книга на новинарот на Вашингтон пост, Боб Вудворд, „Војна“ се наведува дека Трамп, кој е и републикански кандидат на претседателските избори во САД на 5 ноември, во неколку наврати разговарал со Путин откако ја напушти Белата куќа, во јануари 2021 година.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан