• среда, 25 март 2026

Повеќе од 12 илјади лета одложени или откажани поради невреме во САД

Повеќе од 12 илјади лета одложени или откажани поради невреме во САД

Вашингтон, 17 март 2026 (МИА) - Одложени или откажани повеќе од 12.500 лета. Тоа е последицата на невремето што синоќа ги зафати источното крајбрежје и други делови на САД - соопшти американската Федерална управа за воздухопловство (FAA).

Во соопштението се наведува дека поради ризик од силен ветер и удари на гром, биле одложени летови на три аеродроми во областа на Њујорк - „Ла Гвардија“, „Џон Ф. Кенеди“ и аеродромот „Њуарк“ во Њу Џерси, на Националниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон, на аеродромите во Шарлот и Атланта, како и на аеродромот „Џорџ Буш“ во Хјустон.

Веб-страницата за следење летови FlightAware објави дека до 21 часот по средноевропско време се одложени повеќе од 8.500 лета, а околу четири илјади целосно откажани.

Американските власти им издадоа наредба на федералните службеници во областа на Вашингтон од 19 часот по средноевропско време да ги напуштат работните простории поради опасност од невремето. аб/сд

фото/МИА архива

Остани поврзан