• сабота, 14 декември 2024

Лешченко: САД вршат притисок врз Зеленски да ја намали старосната граница за воен рок

Лешченко: САД вршат притисок врз Зеленски да ја намали старосната граница за воен рок

Киев, 15 октомври 2024 (МИА) – САД вршат притисок врз украинскиот претседател Володимир Зеленски во врска со намалувањето на старосната граница за воен рок, изјави денеска на својот канал на Телеграм, Сергеј Лешченко, советник на шефот на Кабинетот на украинскиот претседател.

„Американските политичари од двете партии вршат притисок врз претседателот Зеленски за прашањето зошто во Украина не се спроведува мобилизација на младите од 18 до 25 години затоа што кога беше војната во Виетнам таму беа однесени и оние од 19 години. Значи, Американците сугерираат дека само западното оружје не е доволно, неопходно е да се мобилизираат 18-годишници, а претседателот Зеленски не успеа и ќе продолжи да ги убедува западните политичари да обезбедат оружје без промена на старосната граница“ напиша Лешченко на Телеграм, пренесе агенцијата Униан.

Членот на Врховната рада на Украина, Роман Костенко, вчера рече дека американските власти го повикуваат Киев да ја намали старосната граница за мобилизација на 20 години.

Според пратеникот, „доколку оваа категорија луѓе сега не сака да ни ја брани државата, тогаш тие се веќе изгубена генерација“.

Тој изјави дека ова прашање во моментов не се покренува во Одборот за национална безбедност, одбрана и разузнавачки прашања на Врховната рада, иако „разговорите за тоа се водат веќе подолго време“.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан