• понеделник, 23 декември 2024

Хезболах вечерва лансирал салва ракети кон градот Сафед и воена база во северен Израел

Хезболах вечерва лансирал салва ракети кон градот Сафед и воена база во северен Израел

Бејрут, 15 октомври 2024 (МИА) - Хезболах вечерва соопшти дека лансирал „бараж ракети“ врз градот Сафед и блиската воена база на северот на Израел, која во Либан е во отворена војна со оваа про-иранска организација.

Во текот на денот Хезболах тврдеше дека гаѓал неколку израелски тенкови и булдожери во пограничните села во јужен Либан, а исто така тврдеше дека истрелал ракети на територијата на својот сосед.

Во изминатата година, еврејската држава и Хезболах разменуваа оган преку границата меѓу Израел и Либан.

Од ескалацијата на 23 септември, според официјалните податоци, во Либан се убиени најмалку 1.315 лица. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан