• петок, 22 ноември 2024

Пелегрини: Словачка ја поддржува кандидатурата на Руте за генерален секретар на НАТО

Пелегрини: Словачка ја поддржува кандидатурата на Руте за генерален секретар на НАТО

Братислава, 18 јуни 2024 (МИА) – Претседателот на Словачка, Петер Пелегрини денеска изјави дека Братислава ја поддржува кандидатурата на Марк Руте за генерален секретар на НАТО.

Пелегрини посочи дека Словачка досега претпочитала „географски поблизок“ кандидат од Централна и Источна Европа, како романскиот претседател Клаус Јоханис, но сега го поддржува Руте.

По последната дискусија со Марк Руте и консултациите со неговата Влада, Словачка може да го замисли Руте на чело на НАТО, истакна Пелегрини.

САД, Велика Британија, Франција и Германија го поддржуваат Руте како наследник на Столтенберг, кој ќе се повлече во октомври. НАТО одлуките ги носи едногласно, затоа секој кандидат мора да ја добие поддршката од сите 32 земји-членки. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан