• вторник, 16 април 2024

Педијатрите откриваат која храна е забранета за нивните деца

Педијатрите откриваат која храна е забранета за нивните деца

Лос Анџелес, 23 февруари 2024 (МИА) - Пред да се одлучат за деца, идните родители вообичаено замислуваат како да ги воспитуваат своите деца во однос и на здравата храна и оброци, т.е. - како да се избегнува лоша исхрана. Сепак, реалноста обично е далеку од тие првични пресметки. Скоро ништо не треба да биде 100 отсто забрането. Умереноста и разновидноста се клучот за целокупното здравје, па и за здравата исхрана.

Елизабет Дејвис, педијатар и лекар по спортска медицина во Детската болница во Орландо, САД, вели дека тоа не треба да биде главоболка и оптоварување за родителот.

- Општо, нека тоа не Ви биде стрес. Јас сум педијатарка, па бев „понизна“ кога станав родител на пребирливо дете. Мојата петгодишничка никогаш не пробала чипс или слатки што таа не ги сака, додека овошјето и зеленчукот се сосем друга приказна, вели педијатарката.

Стручњакот нагласи дека родителите не можат целосно да им го ограничат на своите деца сѐ она што тие не треба да го консумираат. Нејзината ќерка, на пр., дома пие само вода и млеко, а на родендени пие и сок. Сепак, Дејвис препорачува да се избегнува одредена храна, колку што е можно повеќе. Таа наведе неколку од овие штетни намирници.

Тврди бонбони

Тука е, пред сѐ, опасноста од гушење што може бонбона да го предизвика. Тврдите бонбони се нешто што навистина треба да се забрани кај малите деца. Тие имаат и големо количество шеќер којшто придонесува за расипување на забите - особено детските.

Обработени прехранбени производи

Педијатарката Кендис Џонс вели дека не им дава на своите деца храна којашто е премногу обработена, бидејќи тоа содржи премногу сол и нездрави масти.

Засладени и газирани напитоци

Соковите и безалкохолните напивки содржат многу концентриран шеќер. А, имаат многу малку влакна... Наместо тоа, на бебињата, особено од шестмесечна возраст натаму би им годело овошје со поголема количина вода во него и коешто е богато со влакна.

Енергетски пијалаци

Авторката на книгата „Водич за родители и интуитивно јадење: Како да се одгледуваат деца кои сакаат да се хранат здраво“, Јами Казорла-Ланкастер се залага за тоа - „да не се осудува“ ниту една храна. Сепак, енергетските пијалаци се забранети.

Тие се опасни и имаат особено лоши влијанија кај децата. Оваа педијатарка, воопшто, препорачува децата да не консумираат кофеин бидејќи тоа може да доведе до зависност.

Риба со високо ниво на жива

Меѓу видовите риби богати со жива, се скуша, марлин, сабјарка и туна. А пак, живата може да биде исклучителчно штетна за нервниот систем при висока изложеност, па затоа најдобро е целосно да се избегнува кај малите деца и младите во развој.

Непастеризирано млеко

Елизабет Дејвис наведува дека нејзините деца не внесуваат ниту непастеризирани или сирови млечни производи поради опасноста од гастроинтестинални инфекции и потешка дијареа.

Опасности од засркнување и гушење

Конечно, најважно е да се избегнува храна којашто секогаш претставува опасност за гушење кај малите деца - пуканки, виршли, грозје, домати, бонбони, гуми за џвакање, моркови, парчиња варено месо и слична храна. Овие секојдневни намирници треба да се сечат на многу мали парчиња или целосно да се избегнува додека децата не пораснат доволно за да ги внесуваат.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан