Љутков за МИА: Заедно со туризмот, културата ќе стане профитабилна дејност, ќе се фокусираме на развивање на транзитниот туризам
- Културата долго време се третира како ресор кој што само ги троши средствата, а не придонесува за буџетот на државата. Заедно со туризмот, културата ќе стане профитабилна дејност и ќе може да придонесува за економијата во државата. Имаме законска рамка да го фузираме туризмот во културата и до крајот на годината ќе ја имаме точната платформа како ќе се претставиме во 2025 година. Од следната година ќе изработиме Национална стратегија за развој на туризмот, но и за развој на културата, бидејќи од 2022 година немаме нови стратегии, вели во интервју за МИА министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Во врска со припојувањето на туризмот кон Министерството, кој претходно беше под надлежност на Министерството за економија, Љутков појасни дека нови вработувања нема да има, бидејќи вработени во Министерството за економија ќе се префрлат во Министерството за култура.
![Љутков за МИА: Заедно со туризмот, културата ќе стане профитабилна дејност, ќе се фокусираме на развивање на транзитниот туризам](https://mia.mk/images/20240723204908_big_730x400_94.webp )
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.