• петок, 10 мај 2024

Панел и поднесување Иницијатива „Добро за жените Ромки, Добро за Собранието на РСМ“ до македонскиот Парламент

Панел и поднесување Иницијатива „Добро за жените Ромки, Добро за Собранието на РСМ“ до македонскиот Парламент

Скопје, 11 март 2024 (МИА) - Фондацијата Ромите за демократија денеска организира панел сесија и поднесување Иницијатива до Собранието на Република Северна Македонија со наслов „Добро за жените Ромки, Добро за Собранието на РСМ“.

На настанот ќе се обратат Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Ирена Кетоф, претставник на Амбасадата на Франција во земјава, Фикрија Таир која ќе презентира „Ретроспектива на искуствата, предизвиците и можностите на жените Ромки во јавните институции“ и претставник на Фондацијата Ромите за Демократија.

На панел дискусијата „Добро за жените Ромки, Добро за Собранието на РСМ“ ќе разговараат Селвије М. Алкан, Арабела Илјаз, Мерсиха Сали Усеин, Менсур Халити и Цветанка Иванова. мч/са/

фото: Роми за демократија

Остани поврзан