• вторник, 12 ноември 2024

Панел дискусија: Најголема закана за сигурноста е руската агресија врз Украина, дезинформациите и хибридни закани

Панел дискусија: Најголема закана за сигурноста е руската агресија врз Украина, дезинформациите и хибридни закани

Скопје, 16 мај 2023 (МИА) - Во Универзитетот Американ Колеџ (УАКС) во Скопје денеска се одржа панел дискусија „Зајакнување на Источното крило на НАТО", на која претставници од земјите од Вишеградската група и од МНР во земјава ги искажаа своите ставови поврзани со сигурноста во регионот. Според нив, најголемата закана за сигурноста во моментов е агресијата на Русија врз Украина.

Пјотр Висоцки, вршител на должноста во Амбасада на Полска во земјава во своето обраќање денеска за време на дискусијата рече дека стабилноста и сигурноста се клучни за регионот и потребна е меѓусебна соработка за нивно достигнување.

-Нашиот фокус во моментов е насочен на агресијата на Русија врз Украина. Тоа е нашата најголема грижа, но исто така и потврда за долгорочните политики на Полска бидејќи на некој начин го очекувавме овој исход. Ова што се случува сега е всушност последица на се што се случуваше изминатиот период, почнувајќи од 2014 година. Сега зборуваме за целосна државна инвазија. Целите на Русија се непроменети уште од минатата година кога ја почна инвазијата, рече Висоцки.

Панел дискусија во Американ Колеџ ФОТО/МИА

Како што посочи, се надева дека Украина имајќи поддршка од своите сојузници, ќе ја постигне целта, а тоа е стабилност и сигурност.

Висоцки смета дека дури и Украина да достигне успех за време на воената офанзива, Русија ќе остане закана за сигурноста и во иднина, најмногу поради нејзината способност за воена мобилизација.

-Тука сме да дадеме поддршка на Украина, бидејќи оваа држава ќе има катастрофални воени и политички последици за целиот регион, додаде Висоцки.

Томаш Стражај, директорот на Словачката асоцијација за надворешна политика е исто така на ставот дека руската агресија не почна на 24 февруари 2022 година, туку тогаш се случи само ескалација на агресијата која што започна многу порано.

-Ние станавме членка на НАТО во 2004 година. Словачка, заедно со Чешка одговори соодветно на овој предизвик, и покрај фактот дека сме два пати помали како држава, но заедно со Чешка бевме дел од првите држави кои директно помогнаа во воената асистенција во Украина. Во 2023 година преговорите почнаа да се одвиваат со учество на Унгарија, при го покажа фактот колку е важна соработката меѓу земјите, рече Стражај во обраќањето на дискусијата.

Како што потсети, Словачка помогна во Украина, при што испорача артилерии, хеликоптери, војници.. Посочи дека посветеноста на претходната влада на Словачка и на денешната влада на Словачка ќе продолжат со поддршката на Украина. 

Панел дискусија во Американ Колеџ ФОТО/МИА

-Најголемиот предизвик пред НАТО самитот во Вилнус е да се задржи интегритетот на територија на Украина, спречувајќи какви било форми на закана од Русија. Веќе е очигледно дека Русија губи во војната. Загуби многу од својот капацитет и стана меѓународно изолирана од голем број на држави и земји членки на ЕУ, и покрај фактот дека е една од основачите на Обединетите нации, но и една од обликувачите на меѓународното право, рече Стражај.

Тој напомена дека посебна закана која е очигледна не само во источното крило, но најмногу во овие држави, е заканата која е поврзана со моќта на дезинформациите на руските наративи и други видови на хибридни закани.

Потребно е, како што рече, соработка меѓу државните на регионално ниво, на државите кои се дел од НАТО, со цел да спречување на ширење на ваквите наративи.

-Треба да останеме оптимисти, кога станува збор за поддршката кон Украина, порача Стражај.

Филип Тосевски, државен секретар во Министерството за надворешни работи на земјава рече дека континуирано даваме поддршка на Украина и последниве години активно соработуваме со Словачка и Чешка.

Панел дискусијата е организирана од УАКС, Клубот на почесни конзули, Амбасадите од земјите на Вишеградската група и Министерството за надворешни работи во земјава. бт/нд/

 

Остани поврзан