• четврток, 25 април 2024

Пакистанската армија убила седум милитанти на границата со Авганистан

Пакистанската армија убила седум милитанти на границата со Авганистан

Исламабад, 17 април 2024 (МИА) – Пакистанската армија денеска соопшти дека убила седум милитанти кои се обиделе да влезат во Пакистан, поминувајќи ја северозападната граница на земјата со Авганистан.

Во соопштението се наведува дека „бунтовници“ се откриени во близина на пограничниот град Гулам Кан и се повикуваат авганистанските власти подобро да ги контролираат границите.

Пакистан претходно го обвини Авганистан дека им дозволува на милитантите во близина на границата непречено да дејствуваат. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан