• петок, 22 ноември 2024

Охридскиот Црвен крст стартува со едукативната програма „Полетарче“

Охридскиот Црвен крст стартува со едукативната програма „Полетарче“

Охрид, 29 јануари 2024 (МИА) – Општинската организација на Црвениот крст од Охрид започнува со уписи за пролетниот циклус на програмата „Полетарче“.

Станува збор за едукативна програма наменета за деца на возраст од три до пет години, осмислена преку игра, забава и дружење тие да ја развиваат и јакнат самодовербата, да стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и одржување на вниманието и друго.

-Вежбите се приспособени на возраста на детето и преку нив детето станува свесно за своите способности, се поддржува да не се откажува при правењето грешки и да има храброст да биде креативно. Планирани се и најразлични теренски работилници на кои дечињата ќе го запознаат со многу корисни спортски содржини, со училишното опкружување и снаоѓање во сообраќајот и др. Пролетниот циклус од програмата трае три месеци со изведување на вкупно 12 часови, по еден час седмично, во траење од 45 минути, информираат од Црвен крст Охрид.

Сите заинтересирани можат да се информираат и пријават на телефоните или во просториите на Црвен крст Охрид секој работен ден од 8-16 ч., а детални информации за програмата ќе можат да се добијат и на отворениот ден за програмата „Полетарче“ предвиден за в сабота 3 февруари во просториите на Црвен крст Охрид од 13 часот. аб/аа/

фото/плакат

 

Остани поврзан