Без вода утре улицата „Никола Парапунов“
- Како што е најавено, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10 часот.

Скопје, 14 јануари 2025 (МИА) - Поради промена на вентил на улицата „Никола Парапунов“, во текот на утрешниот ден без вода ќе останат корисниците од оваа улица, информираат попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Како што е најавено, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10 часот до завршување на работните активности. бд/дма/
Фото: МИА архива