Општина Струга ја продолабочува соработката со германската Менхенгладбах
- Продлабочување на соработката, размена на искуства и унапредување на партнерството во повеќе области меѓу Општина Струга и германската Менхенгладбах биле во фокусот на средбата на градолначалниците Менди Ќура и Феликс Хајнрихс.
Струга, 15 април 2026 (МИА) - Продлабочување на соработката, размена на искуства и унапредување на партнерството во повеќе области меѓу Општина Струга и германската Менхенгладбах биле во фокусот на средбата на градолначалниците Менди Ќура и Феликс Хајнрихс.
На средбата во Менхенгладбах, на која присуствувал и амбасадорот на Република Северна Македонија во Германија, Улбер Села, бил ставен акцент на поддршката на културно-уметничките друштва од Струга, со цел нивно претставување и настапи во Германија, како и зајакнување на врските со струшката заедница во Менхенгладбах.
- Градоначалникот Ќура истакна дека Општина Струга останува посветена на создавање услови за поддршка на културните друштва и промоција на локалните вредности надвор од државата, како и на унапредување на меѓународната соработка во интерес на граѓаните, соопшти Општина Струга.
Дополнително, како што е наведено, била разгледана можноста за развој на туризмот во Струга преку креирање понуди во текот на целата година, наменети за различни категории туристи, со што градот ќе се позиционира како атрактивна и препознатлива дестинација.
- Преку партнерство и заеднички иницијативи, Струга создава нови можности за развој и меѓународна промоција, посочуваат. сс/дма/
Фото Општина Струга