• среда, 03 јули 2024

Охридскиот хор „Вокс Лихнидос“ освои сребрен медал на Меѓународен хорски натпревар во Црна Гора

Охридскиот хор „Вокс Лихнидос“ освои сребрен медал на Меѓународен хорски натпревар во Црна Гора

Охрид, 10 септември 2023 (МИА) - Градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ од Охрид освои сребрен медал на Меѓународен хорски натпревар што се одржува во црногорскиот град Херцег Нови.

Во конкуренција од 14 хорови со меѓународно реноме охридските уметници го освоија сребрениот медал во категоријата мешани хорови, со освоени вкупно 86 поени.

Диригентот Бурим Хидри кој раководи со охридскиот хор задоволен од задоволен од изведбите за кои вели дека биле полни со емоција, наградени со силен аплауз од публиката, но и позитивни коментари од останатите учесници на фестивалот.

„Жири-комисијата во образложението на резултатите го нагласи квалитетот на избраните композиции, како и одличната соработката меѓу мене и хористите“, истакна Хидри.

Градскиот хор од Охрид по овој извонреден успех се враќа на редовните проби и ќе се подготвува за учество на сличен фестивал што ќе се одржува наредниот месец во унгарскиот град Темишвар. аб/лв/

фото/„Вокс Лихнидос“

 

 

Остани поврзан