• петок, 10 мај 2024

Охридскиот хор „Вокс Лихнидос“ на два меѓународни фестивали во Црна Гора и Романија

Охридскиот хор „Вокс Лихнидос“ на два меѓународни фестивали во Црна Гора и Романија

Охрид, 3 октомври 2023 (МИА) – Градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ од Охрид од 6 октомври ќе престојува во Црна Гора, каде ќе учествува на осмиот Меѓународен хорски натпревар што ќе се одржува во Херцег Нови.

Диригентот на хорот, Бурим Хидри, посочи дека хорот за настапот во Херцег Нови има подготвено нова програма, каде ќе ги изведат „Sicut cervus“, „Konj“, „Besa me mucho“, како и „Капетан“ од охридскиот композитор Гоце Гавrиловски. Тој е уверен во добар настап на охридскиот хор, со очекувања дека ќе освојат некоја од предвидените награди.

Хористите од „Вокс Лихнидос“ наскоро имаат уште еден меѓународен настап, на хорскиот фестивал во Темишвар, Романија што треба да се одржи наредниот месец. аб/цр

фото/МИА архива

Остани поврзан