• сабота, 27 јули 2024

Охридска школа по природно право, во фокусот справувањето со корупцијата

Охридска школа по природно право, во фокусот справувањето со корупцијата

Охрид, 24 септември 2023 (МИА) – „Препознавање и разбирање на организираниот криминал и корупцијата во контекст на владеење на правото” е главната тема на која се се дискутира во рамки на Охридската школа по природно право што ќе биде отворена утре во Куќата на Уранија на МАНУ во Охрид.

На отворањето пред учесниците свои обраќања ќе имаат директорката на Канцеларијата за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ) при амбасадата на САД, Вирџинија Елиот, министерот за правда Јетон Шаќири и академик Владо Камбовски.

Настанот потоа ќе се одржува во хотелот „Гранит, каде наредните денови до петок ќе бидат разгледувани повеќе актуелни теми од областа на правото, со акцент ставен врз борбата против корупцијата. аб/мд/

 

Остани поврзан