• вторник, 22 октомври 2024

Отворена Меѓународната радовишка ликовна колонија

Отворена Меѓународната радовишка ликовна колонија

Радовиш, 11 јуни 2024 (МИА) - Со изложба на уметнички дела на ликовниот уметник Томе Даневски, синоќа во Радовиш беше отворена деветтата Меѓународната радовишка ликовна колонија, а добредојде на уметниците им посака градоначалникот Ацо Ристов, информираа од Општината.

Поздравно обраќање имал и претседателот на Друштвото на ликовни уметници од Радовиш, Душан Коцев.

Ликовната колонија ќе трае до 14 овој месец. Учесниците ќе творат во манастирскиот комплекс „Свети Георгија“ во селото Ораовица, а учествуваат 15 ликовни уметници од земјава и странство.рт/са/

Фото: Општина Радовиш

Остани поврзан