• среда, 23 октомври 2024

„Дервенци“ собраа околу 200 метри кубни габаритен отпад од велешките домови

„Дервенци“ собраа околу 200 метри кубни  габаритен  отпад од велешките домови

Велес, 22 октомври 2024 (МИА) - Врабтените во ЈКП „Дервен“ од Велес во есенската продолжена акција за собирање на отпад собраа околу 200 метри кубни. Истата започна во август, а поради големиот интерес наместо седум траеше 21 ден. Од „Дервен“ се револтирани дека и покрај неколкуте акции за собирање габаритен и електронски габаритен отпад се уште во градот и на бреговите од Вардар има мини депонии на габаритен електронски отпад што дава грда слика на градот посебно пред бројните туристи кои се во посета на Велес. Тодорка Пенкова Андреева портпарол на ЈКП „Дервен“ за МИА, потенцира дека и покрај овие редовни акции  во кантите за електронски отпад кои ги има на повеќе локации во градот во нив за жал несовесни граѓани фрлаат комунален смет.

-Проблем за Јавното комунално претпријатие „Дервен“ претставува и фактот што многу граѓани оставаат габаритен отпад по јавните површини без претходно да договорат термин за собирање со комуналното претпријатие. Некои од нив несовесни го фрлаат во и околу контејнерите за комунален смет без да знаат дека возилата за комунален смет не се предвидени за собирање габаритен отпад поради тоа што може да се оштетат, па не ретко можеме да видиме и грда слика по улиците на расфрлан габаритен отпад, рече Пенкова Андреева.

Од ЈКП „Дервен“ повторно упатија апел до граѓаните да не го оставаат габаритниот отпад надвор од домовите без претходно да договорат термин за собирање, на телефонскиот број 043/233-768, во Сектор Комунална хигиена. При тоа ги замолија велешани додека траат акциите за собирање на габаритниот или електронски габаритен отпад, отпадот да го изнесуваат од своите домови, а исклучиво на претходно договорениот ден со екипите на ЈКП„Дервен“. ад/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан