• среда, 23 октомври 2024

Велешкото ООУ „Свети Кирил и Методиј“ доби фотоволтаици од „ОКТА“

Велешкото ООУ „Свети Кирил и Методиј“ доби фотоволтаици од „ОКТА“

Велес, 22 октомври 2024 (МИА) - Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“  постави фотоволтаични панели на покривот на училишната зграда за производство на сопствена електрична енергија. Фотоволтаиците се донација од компанијата „ОКТА“.

По тој повод денеска градоначалникот Марко Колев заедно со главниот извршен директор на „ОКТА“ Пасхос Димитриос, го посетија училиштето „Свети . Кирил и Методи“ј и разговараа за значењето и бенефитите од ваквите инвестиции. Градоначалникот Колев изрази благодарност за општествената одговорност на компанијата која треба да биде поттик и за останатите компании.

Како што потенцираат од Општина Велес,  заштеда на потрошувачката на електрична енергија и зголемување на продуктивноста во работењето, преку поставување на фотоволтаици, веќе имаат  сите основни и средни училишта во Велес.каде веќе се поставени фотоволтаици од страна на општината. ад/нд/

Фото: Општина Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан