• сабота, 27 јули 2024

Отворање на изложбата „Форми на системот“ на Иван Аџиевски

Отворање на изложбата „Форми на системот“ на Иван Аџиевски

Скопје, 9 декември 2023 (МИА) - „Форми на системот“ е насловена третата самостојна изложба  на Иван Аџиевски која вечер од 19 часот ќе биде отворена во Културно-социалниот простор Центар-Јадро.

-Се работи за мултимедијален концептуален проект во кој преку ликовната уметност, инсталациите, скулптурата и видеопроекцијата авторот се обидува на пошироката јавност да и покаже критицизам на реалната состојба на коруптивниот неправичен систем. Целта на проектот е поттикнување јавен дијалог за надминување на корупцијата и неправичноста, соопшти организаторот на изложбата.

Во централниот дел на галеријата е поставена скулптура – стилизирана претстава на божицата на правдата Јустиција, изработена од кородиран метал симболизирајќи го неправичниот корумпиран судски систем, а сликите и скулптурата се придружени од инсталации – колаж од фотографии од пораки на активисти против корупцијата. 

Иван Аџиевски (Скопје, 1985) завршил Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје во 2009 година. Во 2018 година имал прва самостојна изложба „Beauty Spot“, а четири години подоцна ја реализирал и втората самостојна изложбa „Beauty Spot II“. хс/дма/

Фото: КСП Центар-Јадро

Остани поврзан